Де Бур доби отказ, наследникот на холанѓанецот познат

Калчолигашот Интер ја прекина соработката со холандскиот стручњак Франк де Бур после само 11 натпревари во италијанскиот шампионат

deglupsdadasdasdas

Интер ќе има нов тренер за дуелот со Саутемптон в четврток откако раководството на „нероаѕурите“ донело одлука за разделба од Франк де Бур. Поразот од Сампдорија само ја прелил чашата со незадоволство кај челниците на клубот, а конечната одлука ја донеле газдите од кинеската компанија Сунинг.

Денеска му закажаа средба преку „Скајп”, на која му соопштија дека повеќе нема да биде тренер на Интер, пишува „Газета дело Спорт”.

Гигантот од Милано е во катастрофална форма оваа сезона и се наоѓа на 12. позиција на табелата, што е под очекувањата на челниците на клубот.

Де Бур неколкупати беше на прагот на отказ, а овојпат раководството одлучи да го разреши тренерот, кој не успеа да направи победничка серија и покрај неколкуте квалитетни засилувања во тимот. За овој предвремен раскин на договорот, Де Бур ќе добие 1.3 милиони евра.

Дел од јавноста смета и дека Пиоли е само привремено решение, со кој се добива на време за да се тргне во тотална офанзива по Диего Симеоне и по крајот на сезоната да го доведат аргентинскиот стручњак од Атлетико Мадрид на своето кормило.

Исто така се очекува тренерот на резервниот тим, Стефано Веки привремено да го превзеде кормилото на првиот тим со оглед на тоа дека Интер веќе во четврток гостува кај Саутемптон во Лига Европа.

loading...
baner