ДС: Спасов нема никаков кредибилитет да извршува јавна функција

„По завчерашното дивеење и напуштање на местото каде Диме Спасов, заменик министер управувајќи Џип, во пијана состојба, предизвикал сообраќајни несреќи, бараме да си поднесе оставка и се отвори кривицана постапка против него.

Управување на возило под дејство на алкохол и напуштање на местото на сообраќајна несреќа, како и обидот да подметне друго лице како учесник во сообраќајката, говори за профилот на личноста, но и за забеганоста на власта.

Поради ова бараме МВР да соопшти што точно се случило и што е преземено против Диме Спасов досега.

Инаку Диме Спасов нема ниту морален ниту човечки кредибилитет и понатаму да извршува јавна функција“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

loading...
baner