Гевгелија доби нова фитнес зона од Агенцијата за млади и спорт

Во Гевгелија беше промовирана фитнес зона, дел од новиот проект на АМС за изградба на 20 фитнес-зони низ државата. Иако, првично овој проект требаше да започне со реализација од октомври, до денес изградени се вкупно 7 зони, а 3 се во фаза на градба. Останатите 10 фитнес-зони ќе се градат во 2017 година.

Како што информираше директорот на АМС, Марјан Спасески изборот на предложените 8 реквизити според употреба и ефект е конципиран така да ги задоволи сите потреби на корисниците, за одржување на физичката кондиција и здравјето на целото тело. Реквизитите се едностави и безбедни за употреба и за почетници како и за искусни корисници и заштитени од оштетувања при нормална употреба.

Дизајнот на реквизитите предвидува повеќе истовремени корисници со што се зголемува капацитетот и искористеноста на просторот и реквизитите. Реквизитите се за надворешни услови и технолошки се заштитени од атмосверски влијанија – водоотпорни, отпорни на корозија и УВ зрачења.

Зоната се простира на површина од околу 180 квадратни метри, на гумирана подлога, а поставена е урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци, како и информативни табли за користење на справите.

loading...
baner