Гласини за новите модели на „Ајпад Про“, приклучокот за слушалки останува?!

Најновите гласини велат дека технолошкиот иноватор „Епл“ планира да претстави дури три нови „Ајпад Про“ уреди следната пролет. Спроед информациите, новиот 10.1 инчен „Ајпад Про“ ќе биде придружуван од нов 9.7 инчен „Ајпад Про“, а за првпат ќе видиме и мини верзија со помал екран од 7.9 инчи исто под називот Про.

Доколку ова се испостави како точно, тоа ќе биде прв пат „Епл“ да ги спроведе „Про“ карактеристиките кон Мини ајпадот, а тоа вклучува паметен конектор, најверојатно за мини тастатура, четири звучници, како и поддршка за новото паметно „пенкало“ на Епл.

Според изворот на гласините, Епл најверојатно ќе додаде четири микрофони, со што ќе се подобри моменталниот двоен систем на микрофони. 12 мегапикселна камера и дисплеи со „TrueTone“ технологија ќе бидат „гордост“ на сите модели кои се очекува да бидат претставени. Можеби најчудниот детал од галсните е дека сите нови „Ајпади“ ќе имаат приклучок за слушалки – чудно зарем не?

loading...
baner