Група Албанци го спречија прославувањето на Голема Богородица во Косово

Вкупно 150 раселени Срби од реонот на Мушутиште кај Сува Река по речиси четири часа чекање се вратија назад бидејќи беа спречени во обидот да го прослават празникот Успение на Пресвета Богородица.

Обидот да ја посетат разрушената црква во тој регион на Косово им беше спречен од толпа на стотици косовски Албанци кои со извикување на УЧК, УЧК, и веење на албански знамиња го блокираа патот кон родните огништа на раселените.
Ситуацијата брзо излезе од контрола кога разгневената толпа се судри со косовската полиција, која била мета на каменување. Полицијата морала да употреби солзавец и палки за да ги смират протестирачите, кои им возвратија со шишиња, камења и се што им се наоѓаше при рака. На крајот неколку едсетици демонстранти беа и уапсени, додека десетина се повредени.

PROTEST ALBANACA

На крајот е проценето дека не се создадени безбедносни услови Србите да дојдат до манастирот, каде требаше да присуствуваат на закажаната литургија. Автобусите со Србите околу 12 часот со придружба на косовската полиција се вратија од Сува река и се упатија кон манастирот во Зочиште, за богослужба по повод христијанскиот празник за Пресвета Богородица.

Со беше и потпретседателот на косовската влада Бранимир Стојановиќ и министерот Далибор Јевтиќ, кој изјави дека е пратена порака на Србите, дека не се добредојдени.

Локалните Албанци спречија овие луѓе да дојдат на еден ден, а да не зборуваме за враќањето, кое планираме да се случи. Ни се повторува Ѓаковица. Некој користи ист рецепт за да се испрати порака дека Србите не се добредојдени – изјави Далибор Јевтиќ, министер за враќање на раселените од Косово.

За односите со соседите, пред само неколку дена на Косово му забележа американскиот потпретседател Џо Бајден, кој беше во официјална посета на Приштина. Бајден му порача на претседателот Хашим Тачи дека Косово може да ја загуби поддршката од Вашингтон доколку не се посвети на подобрување на добрососедските односи и не го испочитува договорот за создавање на Здружение на српските општини во Косово.

Во 21 век некому да забраните да ја посети својата црква и да присуствува на литургија, тоа не можам да го замислам. За тоа, треба да одговараат и косовските и меѓународните институции – изјави Милан Михајловиќ, претставник на раселените Срби во Косово.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Марко Ѓуриќ вели дека денешниот излив на екстремизам и нескриена омраза кон српскиот народ сведочи колку е запаллива безбедносната ситуација на Косово, кое јасно покажува дека се далеку од градење демократско мултиетничко општество.

loading...
baner