Македонија со „Ничија земја“ на биеналето на архитектура во Венеција

Со делото „Ничија земја“, кое е инсталација – објект, Македонија првпат се претставува со наменски проект за Биеналето на архитектура 2016. Македонскиот павилјон на 15-тото Венециско биенале за архитектура 2016, со проектот „Ничија земја“ на архитектите од проектантското студио „Стоун дизајн“ од Скопје ќе биде отворен до 27 ноември.

Куратор на проектот е Стојан Павлески (архитект и визуелен уметник), автори на проектот се Стојан Павлески (архитект и визуелен уметник), Иван Симеонов (архитект, инженер), Ѓорги Радовановиќ (архитект) и Љупчо Тасевски (архитект).

Комесар на Македонскиот павиљон е Иванка Апостолова (ликовен антрополог, историчар на уметност), соработници на проектот се Влатко Чавковски (архитект и фотограф), Натали Павлеска (архитект), Ристо Кокаланоски (архитект), советници на проектот се професор и визуелен уметник Станко Павлески (ФЛУ, Скопје) и Јован Шумковски (ФЛУ, Скопје). Ко-уредници на посветениот каталог на проектот се Иванка Апостолова и Стојан Павлески.

На годинашното Биенале, кое се одржува од 28 мај до 27 ноември, националната архитектура ја претставуваат вкупно 61 земја, а првпат учествуваат Казахстан, Нигерија, Филипини и Јемен.

Селектор на главната архитектонска изложба е реномираниот архитект Алехандро Аравена од Чиле, добитник на наградата Прицкер, која често се нарекува и Нобелова награда во архитектурата.

loading...
baner