Ништо од трамвајот, скопјани ќе мора да се задоволат со електрични автобуси

Скопјани трамвај сепак нема да видат, единствено можеби на сон. Идејата за изградба на шински јавен превоз во Главниот град пропадна, а како утешна „награда“ лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, минатата недела најави дека електрични автомобиле ќе се довезат во Скопје.

Груевски одлучи Градот Скопје преку јавното сообраќајно претпријатие да започне со набавка на целосно електрични автобуси така што до 2030 година тие ќе треба да сочинуваат повеќе од 50 проценти од вкупниот број автобуси во градот. Истовремено, ќе се стимулира и создавањето такси-компании само со електрични возила.

Оваа информација, односно најава, за време на викендот ја потврди и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој вели дека според нивните проценки ваквите тролејбуси се поисплатливи во секој поглед, а чинат 10 пати помалку од трамвајот, а за нив не е потребна ниту нова инфраструктура.

Ваквиот план веќе е во разработка, а со цел успешна реализација ќе се следат искуствата на останатите метрополи со ваков вид на превоз. Според најавата ќе бидат набавени 20 зглобни или долги електрични автобуси и 30 минибуси, а нивната вредност би требало да биде некаде околу 20 до 25 милиони евра.

Оваа цена е од пресметката дека еден од зглобните автобуси чини некаде околу 600 до 650 илјади евра, додека пат минибусите некаде од 300 до 350 илјади евра. Се разговара и со Владата на Република Македонија, а особено со Министерството за финасии и Министерството за транспорт и врски околу начинот на обезбедувањето на финансиските средства, изјави градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.

Како ќе се плаќаат овие електрични „задоволства“ ќе се мисли дополнително, а првично бил постигнат договор Владата да помогне со финансиите, а Министерството за финансии да обезбеди кредит со цел набавка на автобусите.

Извесно е дека ќе се купат на кредит кој ќе го отплаќаме неколку години. Разменуваме искуства со Кина, Чешка, Холандија… Планираме да купиме 50 автобуси и проценето е дека за нив ќе треба да платиме 20-25 милиони евра. Гледано долгорочно, инвестицијата е повеќе од исплатлива – изјави градоначалникот Трајановски.

Според него, тендерот за набавка на автобусите ќе се распише на почетокот на идната година, а до крајот на годината ќе се потпише договорот за нивно купување. Предноста на автобусите, според градоначалникот е тоа што и не емитуваат штетни гасови.

Трамвајот би не чинел 10 пати повеќе, а си бара и крупни градежни зафати, изградба на шини, посебни гаражи, депо, што значи за да се реализира тој проект ќе биде неопходно и многу време. Електричните автобуси се далеку подобра и поприфатлива опција во секој поглед – смета Трајановски.

Според првичниот план ваквите еколошки автобуси ќе сообраќаат на трасата планирана за трамвајот, односно од Аеродром до Ѓорче Петров, траса долга скоро 13 километри, а со еден резервоар автобус ќе може 10 пати во текот на денот да ја вози оваа релација.

loading...
baner