Охриѓанецот Ристе Ристески одличен во „Ѕвездите на Гранд“

Охриѓанецот Ристе Ристески во најновата епизода од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ се претстави со песната „Страх ме да те сањам“ од Џенан Лончаревиќ, а потоа со песната „По тебе“ од Тоше Проески. Жирито не можеше да одолее и да не стане на нозе при неговата изведба.

Воодушевена од изведбата Марија Шерифовиќ одлучи да му открие една тајна на талентираниот Македонец.

-Дали знаеш што значи на англиски „secret crush“?, му се обрати таа, а потоа дополни дека токму тоа и е тој на Јелена Карлеуша.

Јелена го потврди ова со дело кога без размислување стана да го прегрне својот миленик на сцената. Сега овој „secret crush“ (тајна симпатија) стана и јавен, се пошегуваа поп дивите. Погледнете и сами.

loading...
baner