Отворени денови со Агенцијата за вработување

Во насока на доближување на услугите до невработените лица и работодавачите, Агенцијата за вработување на Република Македонија започна со реализација на активноста Отворени средби со граѓаните во сите центри за вработување.

Притоа, директорот Влатко Поповски и вработените во подрачните центри за вработување ќе бидат достапни да одговорат на сите прашања од доменот на работата на Агенцијата.

Оваа активност ќе се реализира во просториите на центрите за вработување, според распоред што е објавен на веб страната на Агенцијата за вработување на РМ (www.avrm.gov.mk), во периодот од 10.00 – 16.00 часот.

loading...
baner