Порачките за новиот DeLorean DMC-12 започнаа

Препородот на во серијалот „Враќање во иднината“ прославениот DeLorean DMC-12 е извесен – тексашката компанија DeLorean Motor Company се подготвува да го претстави моделот за 2017 година

back-to-future-deloreanfox-01

Благодарение на новиот закон во САД, производителите на мали серии на автомобили не мора да пројдат низ интерни краш тестови и подлежат нацела серија на закони кои се однесуваат на големите производители. Оваа ситуација ја искористи легендарниот DeLorean, кој најави дека фабриката во Тексас ќе произведе најмалку 300 примероци.

Оригиналноста е зачувана благодарение на напорите на компанијата да ги прибере залихите на резервни делови од кои можат да се направат примероците на славниот патник низ времето. Федералните американски власти веќе издадоа дозвола за малосериско производство, а ентузијастите од Тексас се во потрага по нови добавувачи за да обезбедат нови количини на обновени компоненти кои ќе бидат основа за унапредување на филмската легенда.

 

delorean-dmc-12-2

DeLorean DMC-12 Првичните резултати посебно кај шасијата која сега се произведува со нови технологии се охрабрувачки. Критична компонента е и замената на оригиналниот Peugeot-Renault-Volvo 2,9 литарски V6 мотор со нов, кој ќе располага со барем двојно повеќе од неговите 132 коњски сили. Амбициите досегаат и до 300-400 коњски сили, но тоа ќе зависи и од интересот на потенцијалните купувачи, кои за старо-новиот DeLorean DMC-12 ќе треба да издвојат стотина илјади долари.

Очекуваната цена на овој автомобил ќе изнесува околу 100.000 долари.

loading...
baner