Последната ѕвезда која се пензионира сезонава – Реј Ален стави крај на кариерата

Еден од најдобрите шутери во историјата на кошаркарта денеска официјално објави крај на професионалната кариера

aleegrtoeoreore

После 19 години активно играње, се повлече Реј Ален, еден од најдобрите тројкаши на сите времиња. Ален во претходните две сезони немаше ангажман и реши да се поздрави со кошарката.

41-годишниот кошаркар кој е сметан за еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката, денеска напиша писмо кон 13-годишниот себе, во кој пишува дека се простил од кошарката.

Навистина интересен начин да се заврши една кариера.

Во писмото во кое го советува помладиот себе што треба да работи и како да се однесува на училиште, на теренот, со друштвото, на крајот напиша:

„Ова ти го пишувам како 41-годишник и човек кој се повлекува од оваа игра. Ти го пишувам ова како човек кој го пронајде својот мир.
Најважното прашање во твојот живот не е „Кој би требало да бидам?“ или „Што треба да направам за да освојам уште еден шампионат?“

Тоа треба да биде „Тато, погоди што се случи на денешниот час по математика?“

Тоа е наградата која те чека на крајот од твоето патување.

Излези на теренот, остани на теренот. Дете, работи.

Поголемиот дел од луѓето никогаш нема да те запознаат вистинскиот тебе, но ќе ја дознаат твојата работа“, го завршува писмото Реј Ален.

 

rayasydyasdyasydayhdhddjddk

Репутацијата страшен кошаркар ја стекна во Сиетл Суперсоникс, а на врвот се искачи во зелениот дрес на Бостон Селтикс. Реј Ален, заедно со Пол Пирс и Кевин Гарнет важеа за едно од најмоќните триа во историјата на НБА. Заедно со нив ја освои и првата титула во НБА.

Последните две сезони од кариерата, ветеранот Ален ги мина во Мајами каде со Леброн Џејмс, Крис Бош и Двејн Вејд се закити со уште еден шампионски прстен. Со сигурност еден од неговите најславни потези во кариерата беше легендарната тројка за продолжение на шестиот меч од НБА финалето во 2013. година, после што Мајами славеше, се избори за седми меч и ја освои титулата.

10 пати беше избран за Ол-стар мечот, погоди најмногу тројки во историјата на НБА лигата. Од 7.429 обиди, Ален уфрлил неверојатни 2.974 што е импресивен учинок од 40%. Единствен кој во некое догледно време би можел да го стигне е Стеф Кари кој заостанува 1.300 тројки зад Ален.

Ален беше петти пик во 1996. година а го потпиша Минесота Тимбервулвс која што направи голема грешка откако го трејдуваше во Милвоки Бакс за Стефон Марбери.

Реј е само уште еден во серијата од најдобрите играчи кои се повлекоа оваа сезона, откако тоа го направија Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет.

loading...
baner