Слатка одмазда, уште послатка со пресврт – Гвардиола конечно ја порази Барселона

Манчестер Сити успеа да и се реваншира на Барселона за високиот пораз од минатиот дуел, откако вечерва пред домашната публика одигра перфектно и сосема заслужено стигна до пресврт и три бода против големиот фаворит

uasdhbsadhibssalasdlsd

По тешкиот пораз на Камп Ноу од 4:0, Манчестер Сити одигра одличен натпревар на свое тло и со 3:1 ја совлада Барселона. Двете екипи покажаа допадлив фудбал, со шанси и на двете страни по крајот на мечот домаќините се радуваа.

Натпреварот почна одлично за Барселона, по една одлична акција во 21-та минута, Нејмар асистираше до Меси кој погоди за водство од 1:0. Пред крајот на првиот дел убава кација и од Манчестер Сити која ја круниса Гундоган по асистенција од Стерлинг.

Вториот дел комплетно му припадна на домаќинот и преку Кевин де Бруин кој изведе одличен слободен удар дојде до водство од 2:1 во 51-та минута, додека конечниот резултат беше дело повторно на Гундоган кој по асистенцијата на Агуеро во 74-тата минута ја осигура победата.

Покрај четирите гола кои можеа да се видат во Манчестер, исклучително интересно беше и во соседна Бугарија, каде Лудогорец го изнамачи Арсенал и за малку не стигна до голем бод. Бугарскиот шампион дојде до сензационално водство по 15 минути игра со головите на Кафу и Кешеру, но до полувремето англискиот премиерлигаш возврати со погодоците на Џака и Жиру.

32j13b21h3bh13hb1311-bvfcg

Месут Озил покажа зошто важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Не само што го постигна победничкиот гол за Арсенал во Софија, туку тоа го стори во голем стил, најпрвин маестрално ослободувајќи се од домашниот голман, потоа легнувајќи на земја двајца играчи на Лудогорец, пред да ја смести топката во мрежата за доцни три бода на „топџиите“.

Атлетико Мадрид со тешка мака го совлада Ростов со 2-1, со вториот гол на Гризман во 93-та минута. Гостите протестираа барајќи офсајд, но еден нивни фудбалер ја спушти топката за францускиот ас, по што арбитрите го признаа погодокот.

„Светците“ исто така се соочија со огромни проблеми на гостувањето против Базел. Матуиди им донесе прво водство во 43-та минута. Домаќините на 20-тина минути пред крајот израмнија на 1:1, но сепак ПСЖ триумфираше со голот што во судиското продолжение кој го постигна десниот бек Муние.

Резултати:

ГРУПА А
Лудогорец – Арсенал 2-3
Базел – ПСЖ 1-2

Табела: Арсенал 10, ПСЖ 10, Базел 1, Лудогорец 1

ГРУПА Б

Бешикташ – Наполи 1-1
Бенфика – Динамо Киев 1-0

Табела: Наполи 7, Бенфика 7, Бешикташ 6, Динамо Киев 1

ГРУПА Ц

Манчестер сити – Барселона 3-1
Борусија М. – Селтик 1-1

Табела: Барселона 9, Манчестер сити 7, Борусија М.4, Селтик 2

ГРУПА Д
ПСВ Ајндховен – Баерн 1-2
Атлетико Мадрид – Ростов 2-1

Табела: Атлетико Мадрид 12, Баерн Минхен 9, ПСВ Ајндховен 1, Ростов 1

loading...
baner