Светскиот долг расте – секој жител на Земјата во моментов должи по 20.000 долари

Нови рекорди бележи светскиот долг, кој во моментов бележи 225 отсто од глобалниот Бруто домашен производ, а според познавачите ова може да предизвика нова светска рецесија. Според пресметките на Меѓународниот монетарен фонд вкупниот долг изнесува 152.000 милијарди долари.

Според овие бројки, секој жител на планетава во моментов е должен по околу 20 илади долари – тоа се 7,5 милијарди жители на планетава кои должат огромна сума пари.

ММФ предупредува дека со овој долг треба да се зафати што поскоро, пред тој да стане пример за нова голема, глобална финансиска криза. Исто така, се предупредува дека проблемот не е само во тоа што долгот е висок, туку и во тоа што тој незапирливо и пребрзо расте, а две третини од овој долг отпаѓаат на приватниот сектор.

Од ММФ сметаат дека токму долгот на приватниот сектор е најголемата опасност, па државите треба да интервенираат пред да биде предоцна.

loading...
baner