Видео: Еднаш мајстор, засекогаш мајстор – Суарез смири топка од 35 метри височина

Мајсторот е едноставно мајстор, во било која ситуација со фудбалска топка. Напаѓачот на Барселона Луис Суарез учествуваше во кампањата на Адидас заедно со „Ф2 Фристајлерс“ и повторно ги воодушеви сите

Луис Суарез одлучи да го прифати најлудиот предизвик. Тој беше гостин во емисијата на двајцата познати фудбалски „Фристајлери” кои одлучија да му ја дадат најтешката задача.

Доказ за тоа е и следнава задача која тој ја реализираше, а требаше само да смири топка фрлена од кран од височина од 35 метри. Од овој магичен допир на напаѓачот беше импресиониран и неговиот добар пријател и соиграч од Барселона, Лионел Меси кој беше присутен за да му даде поддршка.

loading...
baner