Заев: На 11-ти декември, ќе има фер, регуларни и демократски избори

Убеден сум дека на 11-ти декември, ќе има фер, регуларни и демократски избори, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на тиквешијата.

Ќе сторам сѐ како еден од важните фактори во Република Македонија, јас, мојата партија, и целата опозиција, изборите да бидат слободни каде што граѓаните на регуларен, фер и демократски начин ќе ја изразат слободната волја и тие ќе ја проектираат иднината на Македонија“, рече Заев.

Тој упати порака да не се дрзне под политички притисок било кој, а така и Уставниот суд да го укинува Специјалното Јавно Обвинителство.

„Тоа е трошката надеж за враќање на правдата во Македонија. Ние не можеме да тврдиме дали е некој однапред виновен или не. Оваа институција е таа која е дел од правосудниот систем и остварува постапки коишто завршуваат со обвинителни акти или со отфрлање на кривични пријави и индикации. Да се остави таа институција да работи заради тоа што тоа е начин како да се врати правдата во Република Македонија“, истакна Заев.

loading...
baner