Заев најави нов начин во работењето на СДСМ, граѓанинот во фокус

Во хотелот „Александар Палас“ во овие моменти се оддржува предизборниот конгрес на најголемата опозициска партија СДСМ. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од говорницата најави нов начин на работа на СДСМ во наредниот период.

Битката што ја почнавме е преголема и преважна да ја водиме сами. Затоа секој е важен. Секој е потребен, секој има идеја, план… Секого ќе ислушаме и прифатиме. Граѓаните го испишаа нашиот план и за тоа сум им благодарен.Од денеска ги отворавме вратите. Од денеска секој штаб мора да ги отвори вратите за граѓаните. Ќе ги слушате граѓаните. Оние кои не можат да дојдат до нас ќе отидеме кај нив. Луѓето знаат каде може да тропнат. Ќе ги слушате и ќе ги решавате нашите проблеми.Зашто така му доликува на СДСМ да работи – рече Заев.

Заев ја претстави економската програма на СДСМ. Зборувајќи пред лидерот на СДСМ, Зоран Заев, највисоките претставници на партијата и членството, тројката Ричард Ховит, Кен Хорстет и Џакомо Филибек на денешниот Конгрес на социјалдемократите им изразија поддршка за претстојните избори во декември.

Поранешниот известувач за Македонија, пратеникот во Европскиот парламент, Ричард Ховит, смета дека глас за СДСМ на следните избори, е глас за иднината на граѓаните.

loading...
baner