Жерновски му посака добредојде на новиот амбасадор на Италија

Градоначалникот на Центар оствари средба со новиот амбасадор на Италија Карло Ромеро, а на состанокот беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, особено во пресрет на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.

Нагласена е улогата и значењето на создавање на сите неопходни услови за одржување на фер и демократски избори.
Особено е потенцирана улогата на Специјалното Јавно Обвинителство за расчистување на сите случаи на криминал, корупција и незаконско дејствување.

Разгледани се и можностите за билатерална соработка меѓу локалната самоуправа во Република Италија и општина Центар.

loading...
baner